Исхрана за висок притисок
Иако хипертензијата може да се јави без очигледна причина, храната може да има голем удел при третирањето и живеењето со оваа состојба. Покрај препишаните лекарства од страна на вашиот лекар, здравата исхрана е втората препорака и често е подеднакво важна...

Висок крвен притисок или хипертензија, е состојба кога ваквото притискање врз крвните садови е прекумерно, за време на подолг временски период. Притисокот подложи на промени во текот на денот, во зависност од нашите активности. Но, доколку преку целиот ден имаме покачени вредности за крвен притисок, тоа значи дека е можно да имаме состојба на хипертензија. Најчесто вредносите при кои се смета дека има покачен притисок се 140/90 mmHg.
Иако хипертензијата може да се јави без очигледна причина, храната може да има голем удел при третирањето и живеењето со оваа состојба. Покрај препишаните лекарства од страна на вашиот лекар, здравата исхрана е втората препорака и често е подеднакво важна. Таа може директно да го покачи или намали притисокот, а индиректно може да влијае преку телесната тежина. Имено, со зголемување на телесната тежина доаѓа до покачување и на крвниот притисок.
Цвеклото е богато со нитрати, соединенија кои имаат позитивно дејство врз крвниот притисок.
Покрај цвеклото и спанаќот е богат со нитрати, но и со калиум, калциум и низа на антиоксиданти.
Месото на рибата (особено помасните риби) е богато со омега 3 масни киселини. Тие имаат докажано, позитивно дејство на срцевото здравје и функција. Исто така, се смета дека омега-3 масните киселини може да ги намалат воспаленијата и да помогнат при намалување на крвниот притисок.
Чиа семето и лененото семе се исклучително нутритивни намирници кои се богати со калиум, магнезиум и растителни влакна.
Исто така, семките од тиква и нивниот импресивен нутритивен состав биле поврзани со регулирање на крвниот притисок. Покрај минералите магнезиум и калиум, семките од тиква содржат и аргинин – аминокиселина која како и цитрулинот, помага при создавањето на азотен оксид. Азотниот оксид, како што споменавме, помага при релаксацијата на крвните садови и го подобрува крвотокот.
Гравот и леќата како најкористените мешунки на нашите простори се богати со влакна, протеини, магнезиум и калиум.
Доматите се извонредно нутритивни и богати со калиум, минерал кој споменавме дека има позитивен ефект при регулацијата на крвниот притисок. Покрај тоа, доматите го содржат и пигментот ликопен, кој всушност има антиоксидативно дејство. Тој има позитивно влијание на здравјето на срцето и одредени истражувања покажуваат дека внесот на ликопен може да го намали ризикот од срцеви заболувања.
Катерина Стојановска Десковска
