Мајами на чекор до четвртфиналето во НБА- плејофот
25.04.2023 09:42
Во гостинскиот тим се истакнаа Брук Лопез со 36 поени и Јанис Адетокунбо со 26 поени, 10 скока и 13 асистенции.

Мајами ноќеска го совлада Милвоки со 119:114 во четвртиот натпревар од првото коло на НБА плејофот. Најдобар играч на средбата беше Џими Батлер со 56 поени.
Во гостинскиот тим се истакнаа Брук Лопез со 36 поени и Јанис Адетокунбо со 26 поени, 10 скока и 13 асистенции.
Резултатот во серијата прв до четири победи е 3:1 во корист на Мајами. Следниот натпревар ќе се одржи на 27 април.
На вториот дуел одигран ноќта понеделник кон вторник во разигрувањето за трофејот во НБА-лигата, Лос Анџелес лејкерс по продолжение го победи Мемфис гризлис со 117:111 и поведе со 3:1 во серијата.
