Доњецк и Луганск гласаат независност
11.05.2014 18:42
Седум милиони жители на Доњецк и Луганск денеска на референдум ја искажуваат волјата за самоопределување и отцепување од Киев.

Локалните медиуми јавуваат дека излезноста е голема, луѓето чекаат во редици за да гласаат.
Гласачки ливчиња ќе бидат однесени кај луѓето кои не се способни сами да дојдат да гласаат. Ние се грижиме и за нив. -изјави Валери Болотов гувернер на Луганск
Ние сме среќни бидејќи нашиот сон ќе се оствари, сакаме да ја искажеме нашата волја на референдумот.- гласач
Проруските сепаратисти и украинската војска со различни информации околу веродостојноста на гласањето. Украинската војска запленила возило во кое имало над 100.000 гласачки ливчиња кои биле заокружени. Според потпаролот на прес центарот на проруските сепаратисти, Василиј Никитин, вооружени лица стоеле пред гласачките места и ги заплашувале гласачите. И покрај референдумот судирите во Доњец и Луганск не престануваат. Состојбата е тензична и во Мариупол. Во некои делови целосно е прекината комуникацијата поради жестоките судири. Локалните медиуми јавуваат дека во престрелките има повредени од двете страни.Големи притисоци од меѓународната заедница за одржување на референдумо. Рускиот претседател Путинги повика проруските сили да се откажат, додека Украина, Европската Унија и САД изборитте ги прогласија за нелегетимни и најавија дека нема да ги признаат резултатите.
Тоа гласање е нелегетимно , тоа е обид за поделба на земјата. - изјави Џејн Псаки
Властите во Киев се заканија дека со воена сила ќе ја вратат контролата во градовите кои се под окупација на проруските сепаратисти.
