Избори на северот на Косово
Претседателката на Косово Османи обвинува дека Србија двапати за само 24 часа го прекршила договорот од Охрид...

Вонредните избори во општините на северот на Косово веројатно нема да ги поместат работите од мртва точка во време кога нормализацијата меѓу Косово и Србија оди тешко, и покрај силниот притисок од Западот.
Вонредните избори се одржаа затоа што претставниците на Србите ги напуштија институциите на Косово, вклучително и институциите на локалната власт, на 5-ти ноември минатата година, реакција на потегот на владата на Курти во Приштина, која нареди пререгистрација на возилата со регистарски таблички кои за градовите во Косово ги издава Србија.
Претседателката на Косово Османи обвинува дека Србија двапати за само 24 часа го прекршила договорот од Охрид.
