Судан

Почна 72-часовно примирје во Судан

25.04.2023 10:16

Во Судан стапи на сила 72-часовно примирје, по неколку дена жестоки борби помеѓу двете завојувани војски, што доведе и до егзодус на странските дипломати од земјата...

Во Судан стапи на сила 72-часовно примирје, по неколку дена жестоки борби помеѓу двете завојувани војски, што доведе и до егзодус на странските дипломати од земјата.

Ова е трет прекин на насилствата досега, кој за разлика од првите два, според информациите се почитува.

Државниот секретар на САД, Блинкен, рече дека бил постигнат договор за примирје помеѓу регуларната војска на Судан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), кои се борат за превласт.