1994 – 2014 два Куп трофеја за Вардар СЦБТ!
Дилемата траеше 30 минути, но ЖРК Вардар СЦБТ е пресилен за домашната конкуренција и затоа по пауза од 20 години го освои вториот трофеј во Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир во скопско „Кале“, црвено – црните мораа да одиграат на ниво повисоко од планираното за да го совладаат Металург со 33:24.

Дилемата траеше 30 минути, но ЖРК Вардар СЦБТ е пресилен за домашната конкуренција и затоа по пауза од 20 години го освои вториот трофеј во Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир во скопско „Кале“, црвено – црните мораа да одиграат на ниво повисоко од планираното за да го совладаат Металург со 33:24.
Знаејќи дека се поквалитетни, иако со најсилен состав кој беше трет во Европа, вардарки влегоа опуштено во мечот што максимално го искористи екипата од Автокоманда. Мотивирани и амбициозни да направат изненадување како во ланското финале, ракометарките на Металург одиграа одлично прво полувреме, цврсто во одбраната со малку технички грешки во нападот. Благодарение на Бајрамовска која во тој период постигна 6 гола, гостинките имаа предност и од три гола и првиот дел го завршија со водство од 15:14.
По опомената, ракометарките на Вардар ЦСБТ го сменија пристапот во второто полувереме, заиграа сериозно, ја сменија одбраната во 5-1 со фластер на Бајрамовска и со серија од 8:3 го презедоа водството. Со малку можности за разновиден напад и без опции од клупата, Металург веќе не можеше да парира. Предноста на Вардар растеше се до највисоките +10 во последната минути и до конечните 33:24.
Суслина беше најдобар поединец на натпреварот со 10 одбрани и го заслужи епитетот голманка број еден на куп – турнирот. Лекиќ постигна најмногу голови кај Вардар, вкупно 6. Бајрамовска од Металург беше најефикасна и на мечот со 8 и на турнирот со 21 гол и за одличните игри во двата дуела го доби признанието за најдобра, односно најкорисна ракометарка на завршницата на Купот на Македонија.
Конечно, Вардар ја прекина четиригодишната доминација на Металург во ова натпреварување и по второто го освои и 22-то издание на Купот. Иако веќе не постои, Кометал Ѓорче Петров е се уште далеку најуспешен со 16 трофеи.
