Три од три за Македонија
Ниту Шведска не можеше да ги запре македонските одбојкари кои со три победи го завршија квалификацискиот турнир за Европското првенство во 2015-та. Вечерва во салата „Парк“ во Струмица, нашата репрезентација се радуваше против „викинзите“ со 3-1 и го освои првото место во групата. Во наредната натпреварувачка фаза, Македонија ќе игра со Полска, со Словенија и со Летонија. Таков е епилогот по продолжениот одбојкарски викенд којшто заврши со триумф над Швеѓаните.

Првиот сет избраниците на Жарко Ристовски го добија со 31-29 откако двете селекции имаа сет топки. Во вториот Швеѓаните вратија со 25-23, а клучен момент беше сервис серијата на Љафтов на крајот на третиот. Противникот не можеше да ги запре неговите смеч напади по што Македонија дојде до 25-19. Во четвртиот сет, Шведска не успеа да парира без најдобриот одбојкар Маркус Нилсон кој се повреди и не играше во завршните два сета.
„Задоволен сум од прикажаното, имавме тешки подготовки, не бевме комплетни, но со нашиот квалитет покажавме дека местото ни е во квалификациите“, изјави селекторот Жарко Ристовски.
По струмичкиот турнир, репрезентацијата останува без Александар Милков кој реши да се повлече од настапите во дресот со државен грб. Неговите колеги ќе ги продолжат квалификациите веќе наредниот викенд. Полска ќе биде домаќин на првиот, а Словенија на вториот турнир во втората група.