Македонија

Корупцијата не се препознава, ја има во сите нивоа на образование

25.04.2023 13:26

Корупцијата е толку вкоренета во општесвото што не се ни препознава. Во сите нивоа на образование има корупција, а таму млади треба да добијат информации како да се борат против корупцијата. Надлежните велат ниту една држава не е без корупција, но треба да се работи процентот на корупцијата да биде мал...

На младите им пречи корумпираниот систем и поради тоа сакаат да заминат во странство, но не им се туѓи и незаконските дејства кога се остварува лична корист. Носителите на функциите треба да бидат пример за изградба на ефективен систем отпорен на корупција.

Корупцијата е вкоренета во општеството и веќе не се ни препознава. Во сите нивоа на образование постои, а на младите им недостигаат информации за борбата против овој вид криминал, велат во надлежната комисија за нејзино спречување.

Генерална оценка е дека ниту една држава не е без корупција, но нивото треба да биде што пониско.

 

Наташа Јанчиќ Менковски