образование

Шаќири: Да не се доведува во прашање државната матура

25.04.2023 14:25

Синдикалната организација на Државниот испитен центар e во генерален штрајк. Бараат повисоки плати. Доколку од финансии нема согласност за изменување и дополнување на колективниот договор, синдикалците се заканија дека државната матура, домашните и меѓународните тестирањата, обуката и испитите за директори, ќе бидат сопрени. Министерот Шаќири најави средба со Синдикатот и решение за нивните барања...

Неизвесно е полагањето на државна матура поради штрајкот на синдикалната организација на Државниот испитен центар. Револтирани се поради недобивање согласност на барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии.

Министерот за образование Шаќири апелира да не се доведува во прашање државната матура. Порача сите вработени заедно со директорката да комуницираат со другите институции и да чекаат да се реши општиот колективен договор.

Од Синдикалната организација на Државниот испитен центар се децидни дека штрајкот ќе продолжи до исполнување на нивното барање, а дотогаш сите процеси кои зависат од оваа институција ќе останат во мирување, меѓу кои и државната матура.

 

Ана Јосифовска Тодоровска