Тенис

Надал триумфира во Мадрид

11.05.2014 22:34

Нишикори се повлече при негатива во третиот сет, но Јапонецот одигра маестрален натпревар и го имаше мечот под контрола, се додека не го спречи повредата.
 
Шпанскиот тенисер ја освои рекордната 27 АТП Мастерс 1000 титула, со триумфот над Кеи Нишикори (2:6, 6:4, 3:0), но останува впечатокот дека единствено повредата го спречи сега 9-тиот тенисер на светот, да го приреди најголемото изненадување сезонава.
 
Рафаел Надал прв го одбрани тронот и стана првиот со 4 титули, во 13 годишната историја на Мадрид Опен. Светскиот рекет број 1 останува на престолот до крајот на следниот турнир во АТП календарот, што ќе се игра во Рим (и во живо на МТВ), без оглед на исходот таму. Нишикори е првиот Јапонец во Топ 10.