Вучиќ: Суштински промени во надворешната политика
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави суштински промени во надворешната политика...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави суштински промени во надворешната политика. Одлуката следува по вчерашното гласање во Советот на Европа за членство на Косово во таа организација. Нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина оди тешко, и покрај силниот притисок од Западот.
„Ќе водиме сметка во надворешната политика да не излеземе од границите на реципроцитет во билатералните односи – ако некој не го почитува нашиот територијален интегритет, зошто ние да го почитуваме неговиот? Ќе има длабоки и суштински одлуки во однос на многу декларации и резолуции“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.
„Ова покажува дека процедурата не е вообичаена, туку Приштина е наградена за нешто. Прашањето е за што? Дали е можеби поради фактот дека не е формирана Заедницата на српски општини, што значи неспроведување на Бриселскиот договор десет години?“-рече Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија.
Србите ги бојкотираа вонредните избори во општините на северот на Косово. Претседателката на Косово Османи обвинува дека Белград повеќепати го прекршил договорот од Охрид.
