Инспекција

Инспекциски надзори на Кванташки пазар на увозници на овошје и зеленчук

25.04.2023 16:30

Инспекциски надзори на Кванташки пазар на увозници на овошје и зеленчук, и на сите трговци на лице место, директорот на пазарна, најави одземање на роба и од нерегистрирани трговци на мало, според него интерес на сите е да профункционира системот и да не се манипулира со граѓаните....

Инспекциски надзори на Кванташки пазар на увозници на овошје и зеленчук, и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 пазарни инспектори во координација со тимови на Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни и Агенцијата за одземен имот. Директорот на Пазарна, најави одземање на роба и од нерегистрирани трговци на мало.

„Секој што ќе ги прекршува законите, ќе одговара без селекција. Сите акции ќе продолжат интензивно и нема да застанат на цела територија. Утврдено е дека на кванташкиот пазар, а и низ цело Скопје и на цела територија, се лоцирани нерегистрирани трговци на мало. Сите што вршат нерегистрирана дејност, ќе одговараат по законите за кои е надлежен ДПИ. Постапуваме по законот за трговија. Денеска одиме по друг принцип, ќе има и одземање на роба, по законите за кои сме надлежни“, вели Трајковски.

Според него интерес на сите е да профункционира системот и да не се манипулира со граѓаните.

 

 

Александра Спировска