Здравство

Министерството за здравство почна теренска кампања за невакцинирани деца

25.04.2023 16:43

Министерството за здравство почна теренска кампања, од врата на врата ќе се бараат невакцинираните деца. Кампањата ќе трае до крајот на мај и предвидено е да бидат посетени над 2.900 семејства...

Од врата на врата ќе се бараат невакцинираните деца. Министерството за здравство почна теренска кампања. Ќе се спроведе во 20 општини или 120 урбани и рурални населени места, каде е забележан низок опфат на вакцинирани деца согласно календарот за задолжителна имунизација, како и вакцинација против Ковид-19. Над 30 тимови ќе ги информираат семејствата за придобивките од имунизацијата, ќе делат промотивен материјал и во договор со родителите имаат можност да закажат термин за вакцина.

Кампањата ќе трае до крајот на мај и предвидено е да бидат посетени над 2.900 семејства. Постарите лица над 60 години ќе имаат можност да примат поливалентна вакцина против Ковид-19 како бустер доза.