ИН МЕМОРИАМ

Почина Томислав Наумоски-Томче којшто целиот работен век го посвети на Македонската радио-телевизија

25.04.2023 17:07

Почина Томислав Наумоски-Томче, колега и пријател којшто целиот работен век го посвети на Македонската радио-телевизија учествувајќи во подготовката на забавни, музички и училишни програми. Неговите костими се носеа и во телевизиските филмови...

Почина Томислав Наумоски-Томче, колега и пријател којшто целиот работен век го посвети на Македонската радио-телевизија учествувајќи во подготовката на забавни, музички и училишни програми. Неговите костими се носеа и во телевизиските филмови и во сериите во продукција на Македонската телевизија. Пријателите и роднините утре ќе се простат од Томислав Наумоски, погребот ќе се одржи во 12 часот на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје.