МНР

Утре Османи во работна посета на Брисел

25.04.2023 17:29

Утре, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи ќе престојува во работна посета на Брисел, при што ќе се обрати пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET) и инаугуративната Пленарна сесија 2023-2025 на Европскиот Економски и Социјален Комитет...

Утре, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи ќе престојува во работна посета на Брисел, при што ќе се обрати пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET) и инаугуративната Пленарна сесија 2023-2025 на Европскиот Економски и Социјален Комитет, на дискусија за зајакнувањето на демократијата, европските вредности заедно со граѓанското општество во земјите кандидати за членство во ЕУ.

На утрешната агенда на Османи ќе биде и дискусијата на тркалезна маса со известувачите во сенка и пријателите на Северна Македонија, Кристијан Сагарц, Илхан Ќучук, Марион Валсман, Тијс Ројтен, Масимо Касталдо, Влад Ботос, Андреа Шајдер и Ирена Јовева.