МВР
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер
25.04.2023 17:46
Криминалистичката полиција при СВР Битола лишен е од слобода А.Ј.(23) од Битола. При претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во Битола, пронајдени се и одземени марихуана и две дигитални ваги...

Денеска, од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола лишен е од слобода А.Ј.(23) од Битола. При претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во Битола, пронајдени се и одземени марихуана и две дигитални ваги.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
