Почина Хари Белафонте, пејач, композитор, актер и политички активист
Хари Белафонте, пејач, композитор, актер и политички активист, почина на 96-годишна возраст, легендарниот Белафонте починал од затајување на срцето. Во 1950-тите Белафонте глумеше во филмови со расистичка теми, а во раните 1960-ти соработуваше со Мартин Лутер Кинг Помладиот во движењето за граѓански права...

Хари Белафонте, пејач, композитор, актер и политички активист, почина на 96-годишна возраст, објавија странските медиуми во вторникот. Неговиот портпарол Кен Саншајн ја потврди смртта. Легендарниот Белафонте починал од затајување на срцето. Во 1950-тите Белафонте глумеше во филмови со расистичка теми, а во раните 1960-ти соработуваше со Мартин Лутер Кинг Помладиот во движењето за граѓански права.
Тој беше движечката сила зад проектот на песната „We Are The World“ за борба против гладот во Етиопија во 1980-тите. Песната ја изведоа Мајкл Џексон, Стиви Вондер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Реј Чарлс и Дијана Рос и собра милиони долари.
Тој, исто така, се бореше против апартхејдот во Јужноафриканската Република и ја координираше првата посета на Мандела на САД. Успехот на неговата пејачка кариера доведе до филмски понуди, а Белафонте наскоро стана првиот црн актер кој постигна голем успех во Холивуд како главен актер.
Белафонте освои 3 награди Греми, вклучувајќи ја онаа за животно дело, како и награди Еми и Тони.
Фото:/ Facebook Harry Belafonte
