МВР

117 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

25.04.2023 21:28

На територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 117 возачи.

Денеска, во периодот од 13.00 до 19.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 117 возачи. Од нив, 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 35 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, стои во соопштението од МВР.