Временска прогноза

Облачно и посвежо време со врнежи од дожд

26.04.2023 09:26

Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува и врнежите постепено ќе престануваат...

Времето денес ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено претпладне во западните делови, каде на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува и врнежите постепено ќе престануваат. Во текот на денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд, кои попладне ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.