Имунизација

Почнува медиумската кампања „Заштитени заедно – редовните вакцини за деца делуваат“

26.04.2023 10:00

По повод Неделата на имунизација, Министерството за здравство и Детскиот фонд на ОН денеска пред вакциналниот пункт во поликлиниката „Букурешт“ ќе информираат за најновите податоци за редовната имунизација на децата со што ќе почне и медиумската кампања „Заштитени заедно – редовните вакцини за деца делуваат“...

По повод Неделата на имунизација, Министерството за здравство и Детскиот фонд на ОН денеска пред вакциналниот пункт во поликлиниката „Букурешт“ ќе информираат за најновите податоци за редовната имунизација на децата со што ќе почне и медиумската кампања „Заштитени заедно – редовните вакцини за деца делуваат“.

Кампањата се спроведува со поддршка на УНИЦЕФ.

Како што е најавено, на настанот предвидени се изјави за медиумите од заменик-министерката за здравство Маја Манолева, претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани и Горан Кочински, стручно техничко лице за имунизација на Светската здравствена организација.