Македонија

Земјотреси утрово во Струмица и Штип

26.04.2023 10:10

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија рано утринава регистрира два земјотреса од кои првиот 120 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија рано утринава регистрира два земјотреса од кои првиот 120 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Како што информираат оттаму, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес се случил во 4.55 часот со Рихтерова локална магнитуда 2,2 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Струмица и околината.

Вториот во 6.32 часот со Рихтерова локална магнитуда два и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Штип и околината.