СДСМ: Разобличена е хајката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против коридорите и Бехтел
ВМРО-ДПМНЕ е последната која може да зборува за изградба на автопати, затоа што таа партија е симбол за провизии- велат од СДСМ...

Хајката кшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја водат против изградбата на коридорите 8 и 10д и против реномираната американска компанија Бехтел е разобличена. Тоа е хајка од политички и лукративни причини, базирана на лаги и невистини, соопштуваат од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ е последната која може да зборува за изградба на автопати, затоа што таа партија е симбол за провизии, за промашени проекти на штета на државата и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема направено ниту еден автопат и истовремено создаде огромни штети со промашениот проект за автопатот Кичево – Охрид, велат од партијата.
Патиштата ќе бидат готови во рок од пет години, и покрај хајката што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја тераат, нагласуваат од СДСМ.
