Русија
Голем пожар во селото Шосва во Русија
26.04.2023 11:09
Огнот се проширил кон селата Шосва и Тајежни и уништил повеќе од 11 000 квадратни метри...

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 178 згради се уништени од шумските пожари што беснеат низ руската област Свердловск, во подножјето на Урал.
Огнот се проширил кон селата Шосва и Тајежни и уништил повеќе од 11.000 квадратни метри. Над 380 луѓе биле вклучени во неговото гаснење. Причината за пожарот е непозната.
