АВГАНИСТАН

Убиен лидер на Исламска држава

26.04.2023 11:26

„Се верува дека го планирал бомбашки напад на аеродромот во Кабул, во 2021-та година“, соопштија американските власти...

Талибанците во Авганистан убиле еден од водачите на таканаречената Исламска држава.

„Се верува дека го планирал бомбашки напад на аеродромот во Кабул, во 2021-та година“, соопштија американските власти. Во бомбардирањето во август 2021 година загинаа 170 цивили и 13 американски војници, додека Талибанците ја преземаа контролата.