МВР

Расчистени шест тешки кражби во Штип

26.04.2023 12:11

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата од слобода бил лишен Е.Ј.(18) од Штип. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал делата...

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени мерки и активности, расчистија шест кривични дела „тешка кражба“ извршени од куќи на територијата на Штип во текот на март и април годинава.

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата од слобода бил лишен Е.Ј.(18) од Штип. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал делата.

Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.