Прилеп: Имунизацијата најмногу го штити здравјето
Во Прилеп се спроведува кампањата на Министерството за здравство за вакцинацијата. Корона пандемијата остави последици за прескокната и одложена имунизација, најмногу кај сегашните првачиња. Епидемиолошката слика во Прилеп е стабилна, нема никаква опасност од епидемија. За целосна заштита е потребен процент од 95 насто вакцинираност …

Вакцинацијата е најголемата заштита на здравјето од тешките заразни заболувања, порачуваат здравствените работници. Моменталната ситуација бележи пад на процентот, главно поради пандемијата.
Најмногу се чувствува кај првачињата. Лани од 749 деца, се вакцинирале 713 и проблемот е за втората доза.
Епидемиолошката состојба во градинките и училиштата е стабилна. Има само зголемен број на случаи на овчи сипаници со лесно прележување и не подлежи на вакцинација.
Короната и прекинот на имунизацијата донесе епидемии на мали сипаници во некои европски земји. Во Македонија нема никаква опасност.
Календарот за имунизација е задолжителен.
Елизабета Митреска
