Пациенти со цистична фиброза на протест на 3-ти мај доколку не го добијат лекот „Трикафта“
Асоцијацијата на пациенти со цистична фиброза најави протест доколку надлежните не го реализираат ветувањето постапно сите пациенти да го добијат лекот Трикафта. Досега само 12 лица со цистична фиброза се лекуваат со оваа терапија...

Надлежните од Министерството за здравство и за финансии, Фондот за здравство и Владата не одговориле на барањето за средба со Асоцијацијата на пациенти со цистична фиброза. Тие се едногласни во одлуката за протест доколку надлежните не најдат пари за континуирана програма за Трикафта, да можат сите, без исклучок да се лекуваат.
Министерот за финансии ги известил дека на седница на Влада е помината точката за набавка на лекот за уште 18 пациенти. Очекуваат и официјална потврда.
Ќерката на Стојан Бојков е меѓу 12 пациенти кои го примија лекот. Вели лекот дава резултати за неколку дена, сите треба да го земат.
Од Здружението објаснуваат, тригодишната програма не значи дека некој треба да чека три години на лекот. Се надеваат дека за три години да се решат сите нивни проблеми почнувајќи од лекот, како и центарот за возрасни пациенти.
Наташа Јанчиќ Менковски
