Битола
Обдукцискиот наод за Јана е готов, на потег Институтот за судска медицина
26.04.2023 14:32
Обдукцискиот наод за причините за смртта на 6-годишната Јана, извршен во битолската Клиничка болница е доставен до надлежниот јавен обвинител, потврдија за МТВ од обвинителството...

Обдукцискиот наод за причините за смртта на 6-годишната Јана, извршен во битолската Клиничка болница е доставен до надлежниот јавен обвинител, потврдија за МТВ од обвинителството.
Наодот се разгледува во контекст на целокупната прибрана медицинска документација, по што ќе биде издадена наредба до Институтот за судска медицина, врз основа на сите прибрани докази, да се произнесе околу евентуалната причинско-последична врска на медицинскиот третман со причините за смртта.
Родителите на починатото девојче се повикани да дадат свој исказ во Јавното обвинителство.
