Судство
Судскиот Совет ја разреши претседателката Дамева
26.04.2023 15:22
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева денеска е разрешена од функцијата...

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева денеска е разрешена од функцијата.
На денешната седница на Судскиот совет настана расправија откако Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред.
Нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање за нејзино разрешување, при што седум члена го поддржаа, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.
