Косовската претседателка Вјоса Османи Садриу на средба со претседателот Пендровски
Македонците во Косово треба да ги остварат националните права-став на претседателот Пендаровски на заедничката прес-конференција со косовската колешка, Вјоса Османи. Таа и се заблагодари на Македонија за вчерашното гласање во советот на Европа за почеток на постапката за прием на Приштина во најстарата европска институција...

Македонија и Косово имаат значајно место со својата активна улога во напорите за постигнување трајна стабилност, добрососедство и економскиот просперитет. Двете држави не се само географски блиски, туку и имаат иста визија за иднината. Билатералната соработка е зајакната во многу области, но секогаш има простор за нејзино надоградување. Ова е заклучокот од средбата меѓу шефот на државата Стево Пендаровски и неговата косовска колешка Вјоса Османи Садриу.
Косовската претседателка Османи, од своја страна, изрази благодарност за поддршката на Северна Македонија за Косово, и за гласот на Северна Македонија што го даде за Косово во Комитетот на министри во Советот на Европа.
Косовската претседателка утре ќе престојува во Тетово, каде што ќе се сретне со тетовскиот градоначалник Билал Касами.
Катарина Топалова
