Нема рестрикција на оризовите површини
12.05.2014 09:14
Со полнењето на акумулациите се ваќаат и сеидбените планови за оризот. Наместо 2.800, оризопроизводителите ќе можат да насеат 3 и пол илјади хектари.

Со полните акомулацијата се менуваат и плановите за поголеми површини со ориз. Во зависност од насеаните други култури на нивите, оризот би можел да го има и на 3.500 хектари.
Поради стравот пред еден месец дека нема доволно вода, се најави и намалување за една четвртина на оризовите полиња.
Драстично е зголемен и интересот за турските сорти. Од ланските 250, годинава се приклучива двојно повеќе земјоделци. Оваа ќе биде и првата жетва чии род има обезбеден пласман во Турција.
Производителите во моментов се задоволни и од цените на белиот ориз до едно евро за килограм.
Методија Трајков
