Одбојка

Струмица Никоб е домашниот одбојкарски шампион

26.04.2023 21:57

Струмичани на домашен терен во финалето од плејофот го совладаа ГОК Борец и со 3:0 во победи ја завршија серијата со велешани. Одбојкарите на Струмица се старо-нови шампиони на Македонија во машка конкуренција...

Струмица Никоб, 10-ти шампионски трофеј во домашниот одбојкарски шампионат. Струмичани на домашен терен во финалето од плејофот го совладаа ГОК Борец и со 3:0 во победи ја завршија серијата со велешани. Одбојкарите на Струмица се старо-нови шампиони на Македонија во машка конкуренција, откако со максимални 3-0 го добија третиот натпревар од серијата против Борец.

Во првиот сет Струмица Никоб немаше проблеми и го доби со 25:18, но Борец сериозно се закани во вториот сет. Имаше водство од 24:22 во поени, но повторно не успеа да го комплетира сетот. Искусниот Васе Михаилов влезе на теренот и помогна Струмица Никоб да освои четири поени во низа, за освојување и на вториот сет со 26:24.

Третиот сет го доби со 25:19 и дојде до десеттата шампионска титула во клупската историја.

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/ Facebook/VC Strumica Nikob