Фудбал
Атлетико Мадрид ја победи Мајорка
26.04.2023 22:45
Атлетико Мадрид со 3-1 ја победи Мајорка, гостите беа во предност, но потоа примија три гола и го загубија мечот...

Атлетико Мадрид со 3-1 ја победи Мајорка, гостите беа во предност, но потоа примија три гола и го загубија мечот. Домаќините играа со сини дресови во чест на 120 годишнината од клубот. Гостите го држеа водството се до пред самиот крај на првото полувреме кога Родриго де Пол по асистенција од Гризман изедначи на 1-1.
По само две минути игра во вториот дел Мората даде гол за комплетен пресврт и водство на Атлетико од 2-1, а конечните 3-1 ги постави Караско во 77. минута.
Фото:/ Фудбал
