Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

27.04.2023 08:29

Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 17 степени.