Општина Центар ќе го одбележи роденденот на Горан Стефановски
Ќе биде изведен музичко-драмски перформанс во режија на Јордан Симонов, кој ќе вклучува извадоци од претставата „Лонг плеј“ на Стефановски.
Општина Центар организира настан „Прослава на роденденот на Горан Стефановски“. На годинашното одбележување ќе биде потенцирана љубовта на драмскиот автор кон рокенролот.
По тој повод ќе биде изведен музичко-драмски перформанс во режија на Јордан Симонов, кој ќе вклучува извадоци од претставата „Лонг плеј“ на Стефановски.
Во перформансот ќе настапат актерот Александар Микиќ и музичарите Мирко Попов, Дина Јашари, Марија Каева и Владан Дробицки.
Прославата на роденденот на Горан Стефановски (27 април 1952 – 27 ноември 2018) ќе се одржи денеска во 13 часот на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало, спроти Општина Центар. На настанот ќе се обрати градоначалникот на Општината, Горан Герасимовски.
