МВР

Претрес во Битола, приведен дилер, пронајденa дрога

27.04.2023 09:23

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 13 паковки со марихуана, дигитална вага и други предмети.

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода П.Т.(21) од с.Горно Оризари, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 13 паковки со марихуана, дигитална вага и други предмети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.