Пелистер ја напаѓа Шкендија во Тетово
Продолжува трката на водечката четворка во македонската фудбалска прволигашка конкуренција и неизвесната битка на речиси половина лига за избегнување на опасната зона.

Продолжува трката на водечката четворка во македонската фудбалска прволигашка конкуренција и неизвесната битка на речиси половина лига за избегнување на опасната зона.
Во претпоследното коло од есенската полуетапа нема класично дерби па тетовската пресметка меѓу ранетата Шкендија и осоколениот Пелистер ветува најмногу возбуда. Овој натпревар ќе можете да го следите на МРТ 1 од 13 часот. Не би требало да има изненадувања во двобојот на лидерот Вардар кој го пречекува последнопласираниот Гостивар и на саботниот дуел во кој Работнички е голем фаворит против нискорангираниот Напредок. Дебармаалци повторно имаат шанса барем 24 часа да го преземат врвот на табелата. Хоризонт пред своја публика ќе бара три бода за одржување висок пласман и реванш со Ренова која во првиот дуел од сезоната славеше со 4-2. По поразот во дербито со Вардар, Металург шанса за рехабилитација и поход кон врвот добива во мечот со Македонија ЃП.. Во Штип се игра најнеизвесниот натпревар според позициите на табелата. Непријатниот гостин Еуромилк и доаѓа на Брегалница која е без триумф во последните пет првенствени рунди...
***
Прва македонска лига, 18.коло
Работнички – Напредок (сабота, 13 часот)
недела, 13 часот
Вардар - Гостивар
Шкендија - Пелистер
Х. Турново - Ренова
Металург - Македонија ЃП
Брегалница - Еуромилк
***
Табела:
1.Вардар 30
2.Пелистер 30
3.Х.Турново 28
4.Работнички 28
5.Металург 26
6.Ренова 24
7.Еуромилк 21
8.Брегалница 21
9.Шкендија 21
10.Македонија ЃП 16
11.Напредок 13
12.Гостивар 11
Југослав Костовски
