мвр

Лишен од слобода криминалец баран со потерница и спроведен во затвор

27.04.2023 09:30

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик...

Вчера во 15.40 часот на ул. „Емин Дураку“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Отсекот потраги при Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишиле од слобода С.М.(23) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната, информираат од МВР.