Украина

Зеленски: Има можност за нова енергија во односите меѓу Украина и Кина

27.04.2023 09:54

Украинските власти и нивните западни чувари веќе ја покажаа својата способност да ги попречат сите мировни иницијативи“, велат од руското Министерство за надворешни работи...

Има можност да се даде нова енергија на односите меѓу Украина и Кина, вели украинскиот претседател по телефонскиот разговор со кинескиот лидер Шји Џинпинг. „

Украинските власти и нивните западни чувари веќе ја покажаа својата способност да ги попречат сите мировни иницијативи“, велат од руското Министерство за надворешни работи.

„Се разбира, значаен дел од разговорот беа нашите ставови за враќањето на праведниот мир. Ја претставив украинската формула за мир и нејзините специфични точки. Се договоривме да продолжиме со комуникацијата“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Во меѓувреме Киев го добива ветеното вооружување. Битките на фронтот најжестоки во Бахмут. YAHOO News доби доверливи документи, составени од Кремљ, кои ги откриваат амбициозните планови на Русија да го прошири своето влијание во балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија. Меѓу другото, документите ја покажуваат намерата на Москва да ја спречи изградбата на воените бази на НАТО, да ги ослабне локалните демократски влади и да ги зајакне политичките организации кои се залагаат за Кремљ.