Прекршено приморјето во Судан
Регистрирани експлозии во западните предградија на Картум. Покрај бројот на смртни случаи и повредени во конфликтот во Судан, СЗО предупредува дека бројката на починати може да расте поради појава на епидемии...

Прекршено е приморјето во Судан. Регистрирани експлозии во западните предградија на Картум. Покрај бројот на смртни случаи и повредени во конфликтот во Судан, СЗО предупредува дека бројката на починати може да расте поради појава на епидемии, недостиг од храна и вода и пречки во основните здравствени услуги, вклучително и имунизација.
„Крвопролевањето што го видовме во последните 10 дена во Судан е потресно, тоа е земја, чиј народ веќе толку многу страдаше во последните години“, рече Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.
Над 60 насто од здравствените установи во Картум се затворени поради конфликтот. И Генералниот секретар на ООН, Гутереш, апелира борбите меѓу ривалските генерали во Судан веднаш да престанат и предупреди дека
