ВАШИНГТОН
Во Вашингтон средба Бајден и Сук Јеол
27.04.2023 10:11
Претседателот Џо Бајден и јужнокорејскиот колега, Јун Сук Јеол, во Вашингтон, меѓу другото објавија дека двете нации ќе го зајакнат одговорот на постојаната нуклеарна закана од Пјонгјанг...

Во замена за поголема улога на одлучување во американското планирање за вонредни ситуации, во случај на севернокорејски нуклеарен напад, Јужна Кореја се согласи да не ја спроведува сопствената програма за нуклеарно оружје.
Претседателот Џо Бајден и јужнокорејскиот колега, Јун Сук Јеол, во Вашингтон, меѓу другото објавија дека двете нации ќе го зајакнат одговорот на постојаната нуклеарна закана од Пјонгјанг, со договор кој вклучува планови за прицврстување на американските подморници со нуклеарно оружје во Јужна Кореја, за прв пат по повеќе од 40 години.
