Велика Британија

Британските пратеници одобрија нацрт-закон за мигрантите

27.04.2023 10:19

Секој што ќе пристигне во Обединетото Кралство нелегално, ќе биде приведен, а потоа депортиран во матичната држава или безбедна трета земја...

Британските пратеници одобрија сеопфатен нацрт-закон со кој ќе се ограничи можноста на мигрантите да бараат азил во Велика Британија. Секој што ќе пристигне во Обединетото Кралство нелегално, ќе биде приведен, а потоа депортиран во матичната држава или безбедна трета земја.

Пратениците отфрлија неколку амандмани на опозицијата кои ќе го ублажат предлог-законот, вклучително и измените за ослободување на бремените жени и децата од притвор. Одлуката следи и покрај обвинувањата на критичарите дека го крши меѓународното право.

Слична мерка претходно донесе и литванскиот Парламент, со кој на граничарите им се дозволува да ги враќаат мигрантите кои илегално ја преминале границата.