мвр

16 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

27.04.2023 10:23

Упатени на вонреден технички преглед се 104 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 117 други видови на сообраќајни прекршоци...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 13.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 16 прекршоци, од кои осум поради неисправен уред за запирање.

Упатени на вонреден технички преглед се 104 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 117 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци, информираат од МВР.