Македонија

МНР ја повика на разговор грчката амбасадорка после упадот на група маскирани луѓе на изложбата на Андреевски во Солун

27.04.2023 10:50

Иако без демонстрација на физичко насилство или нанесена материјална штета, поради заканите и вербалните напади била повикана и полиција, која е целосно известена за инцидентот...

Министерството за надворешни работи ја повика грчката амбасадорка Софија Филипиду, откако синоќа во Солун, за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во галеријата упаднале група маскирани луѓе, кои со непристојно и вулгарно вербално однесување се обиделе да предизвикаат прекинување на изложбата, по што си заминале.

Иако без демонстрација на физичко насилство или нанесена материјална штета, поради заканите и вербалните напади била повикана и полиција, која е целосно известена за инцидентот.

Од МНР соопштуваат дека формално ќе бидат упатени очекувања до нашиот сосед да бидат преземени сите мерки за откривање и процесирање на сторителите.

За инцидентот известени се и Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, кои веднаш стапија во директен контакт со надлежните органи на Грција, а за инцидентот е информирано и грчкото Министерство за надворешни работи, стои во соопштението од МНР.