Грција
Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтеровата скала ја погоди Грција
27.04.2023 11:22
Земјотрес со јачина од 5,3 степени ги погоди островите Додеканези во југоисточниот дел од Егејското море...

Земјотрес со јачина од 5,3 степени ги погоди островите Додеканези во југоисточниот дел од Егејското море.
Земјотресот е регистриран на околу 158 километри североисточно од Ираклион, објави Европскиот сеизмолошки институт.
Засега нема информации за евентуална штета или за настрадани.
