Солун

Група маскирани членови на „Златна зора“ упаднаа на изложбата на Сергеј Андреевски во Солун

27.04.2023 11:48

Во објавеното видео од „Златна зора“, која во Грција е прогласена за криминална организација, тие се фалат дека нивната организација ја запечатила, како што ја нарекуваат, скопската изложба, повикувајќи се на грчкиот карактер на Македонија.

Група маскирани членови на „Златна зора“ упаднаа на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски во Солун. Со маски, капчиња и качулки влегле во галеријата во населбата Каламарија и извикувале непристојни и вулгарни зборови, со цел да ја прекинат изложбата. Била повикана и полиција.

Во објавеното видео од „Златна зора“, која во Грција е прогласена за криминална организација, тие се фалат дека нивната организација ја запечатила, како што ја нарекуваат, скопската изложба, повикувајќи се на грчкиот карактер на Македонија.

Припадниците на „Златна зора“ лепеле и плакати со пораки дека се забранува отстапување јавен простор за, како што наведуваат, организации или личности кои ја поткопуваат грчката историја.

Македонското МНР ја повика грчката амбасадорка Софија Филипиду. Од неа е побарано целосно расчистување на случајот, откривање и процесирање на сторителите.