Црвена зелка-еликсир за здравје
Црвената зелка е исто така добар извор на протеини, надминувајќи многу други зеленчуци во ова...

За зелката е одамна докажано колку е здрава и колку изобилува со витамин Ц, а црвената зелка е вистински дар од бога. Таа е еликсир за здравјето. Црвената зелка има многу витамини Ц, А и Б6. Редовното внесување на соодветни дози на витамин Ц може да го заштити човекот од многу болести, вклучително и од нарушувања на кардиоваскуларниот систем. Има магнезиум, железо, калиум, цинк и фосфор.
Црвената зелка е исто така добар извор на протеини, надминувајќи многу други зеленчуци во ова.
Помага и за мозокот и правилната работа, за имунитет, забрзување на метаболизмот, ослободување од слободни радикали во телото. Го штити срцето и кардиоваскуларниот систем. Црвената зелка го снабдува човечкото тело со витамин А.
Се смета за еден од најздравите зеленчуци кој го забавува процесот на стареење. Моќна е во борба против ракот, ја подобрува состојбата на кожата и очите, помага во губење на тежината, го зајакнува имунитетот и коскеното ткиво. Исто така го чисти телото од отрови.
Може да се јаде сурова, кисела или варена во различни форми.
