Бајден и Јун Сук Јеол договорија формирање на Нуклеарна консултативна група
Вашингтон периодично ќе распоредува американски подморници со нуклеарно вооружување во Јужна Кореја и ќе го вклучи Сеул во операциите за нуклеарно планирање. Пекинг со предупредување до Сеул и Вашингтон - не провоцирајте конфронтација со Пјонгјанг...

Вашингтон периодично ќе распоредува американски подморници со нуклеарно вооружување во Јужна Кореја и ќе го вклучи Сеул во операциите за нуклеарно планирање. Пекинг со предупредување до Сеул и Вашингтон - не провоцирајте конфронтација со Пјонгјанг...
„Сите страни треба да се соочат со суштината на проблемот на Корејскиот полуостров и да имаат конструктивна улога во промовирањето на мирно решение“ предупреди кинеското МНР откако САД и Јужна Кореја постигнаа договор за спротивставување на севернокорејската нуклеарна закана.
Американскиот претседател Бајден, на состанокот во Вашингтон со неговиот јужнокорејски колега Јун Сук Јеол, договори формирање на Нуклеарна консултативна група. Вашингтон периодично ќе распоредува американски подморници со нуклеарно вооружување во Јужна Кореја и ќе го вклучи Сеул во операциите за нуклеарно планирање. За возврат, Јужна Кореја нема да развива сопствено нуклеарно оружје.
„Ова е потсетник дека нашиот сојуз не беше создаден поради заедничка граница, туку поради заеднички верувања, верба во демократијата, слободата, безбедноста“, изјави американскиот претседател, Џо Бајден.
„Ова партнерство ќе трае уште седум децении и подолго, и ќе создаде бесконечно многу можности за идните генерации на двете земји. Сојузот не само што ќе ги гарантира безбедноста и просперитетот на двете земји, туку и ќе придонесе за мирот и сигурноста на Индопацифичкиот регион и светот“, порача Јун Сук Јеол, претседател на Јужна Кореја.
И покрај притисокот од Западот, Пјонгјанг продолжува да развива тактичко нуклеарно оружје со капацитет, кој претставува опасност за територијата својот јужен сосед, како и потенцијал којшто би можел да биде закана и за копното на САД.
