Пендаровски: ЕУ го загуби кредибилитетот кога дозволи билатералните прашања да бидат дел од пристапниот процес
Европската унија го загуби кредибилитетот кога дозволи билатералните прашања да бидат дел од пристапниот процес. Претседателот Пендаровски советува- на регионалните иницијативи да се гледа како можност за продбабочување на врските, а не како замена за членство...

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од геополитичко и геостратешко значење за придонесување за стабилноста, владеењето на правото и економскиот развој на регионот. Европската Унија го изгуби кредибилетот со тоа што дозволи билатерални прашања да бидат дел од пристапниот процес, иако за влез во ЕУ се веродостојни копенхашките критериуми, смета претседателот на Македонија, Пендаровски. Според него, регионалните инцијативи како Отворен Балкан треба да се гледаат како инструмент за продлабочување на економските и политичките релации меѓу државите, а не како замена за полноправно членство во ЕУ.
Евроамбасадорот Гир, пак, појасни дека сега е време процесот на проширување да биде подинамичен и пореален.
Антони Пешев од Стопанската комора не е голем оптимист дека до 2030 земјава ќе стане полноправна членка на ЕУ. За него е важно да се отворат границите за побрз проток на луѓе, идеи и стоки.
По повод Денот на македонската дипломатија, се организираше трибина за регионалните иницијативи.
Игор Панов
