Сообраќај

МВР: 43 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

27.04.2023 14:44

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 43 сообраќајни прекршоци.

На вонреден технички преглед биле упатени 18 возила, соопштуваат од МВР.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови